12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Мицкоски му честиташе на Димовски на изборот за прв човек на СПМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му честиташе на Љупчо Димовски кој е избран за претседател на Социјалистичката партија на Македонија.

-Честитки за изборот на Љупчо Димовски за прв човек на СПМ. Вистинско решение. Чесен и искрен човек кој ја сака и покажа како се бори за Македонија и покрај сите напади и бури! Љубац, пријателе, заедно да го победиме ова зло и да се избориме за Македонија, до самиот крај, напиша Мицкоски на Фејсбук.