Мицкоски: На 15 јули граѓаните гласно ќе говорат зад параванот

19

Луѓето сведочат за порази и неправди кои ги има ширум цела држава, луѓето сведочат за неисполнетите ветувања и неиспорачани очекувања, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Битола.

Тој истакна дека за време на попладневната посета на пелагониските општини Новаци, Демир Хисар ќе ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да ја поддржат коалицијата за обнова на Македонија.

-Можам да заклучам дека во Македонија тешко се живее, луѓето се разочарани и без надеж, луѓето ги напуштаат родните огништа и се селат надвор од државата. СДСМ имаше период од три години, доволно да покаже и да испорача барем десет проценти од тоа што го ветуваше во 2016 и 2017 година. Ако се направи анализа на нивните ветувања ќе видите дека нема повеќе од пет проценти испорака од ветеното, а во меѓувреме направени се лоши работи кои никој не ги очекувал. Тоа што Заев го кажува на плоштадите и на средби со граѓаните всушност е бегање од помасовно соочување со граѓаните, тој се обидува на контролирани сооочувања со по 30-на активисти да рестартира позиции, но нашиот народ е умен народ и на 15 јули гласно ќе зборува зад параванот и против антиреформските политики, изјави Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.