20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мицкоски најави нов проект против корупција и криминал во општините

Благодарам, најпрвин ете што сте и денеска со нас, благодарност и до битолчани што денеска овозможија да се случи оваа средба со

Ваков состанок со регионалната Стопанска комора можеби и првпат после една деценија се случува овде во Битола, каде што можеме отворено да разговараме за проблемите и потребите на бизнис заедницата. И на мое лично задоволство неколку од тие проблеми веќе на самиот состанок беа би рекол решени и беа закажани состаноци во текот на следната недела. Забелешките беа дека претходната администрација на Општината била целосно затворена не само за граѓаните туку и за бизнис заедницата, нешто сакаме ние да го промениме, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој информираше дека 7.000 предмети во постапка на легализација биле закочени и го најави проектот „Отворено со граѓаните – создаваме нова иднина“ којшто е дел од столбот на неприкосновена борба со криминалот и корупцијата.

„Ќе работи тим кој ќе го сочинуваат професионалци и експерти, луѓе и од партијата, но од граѓанскиот сектор, каде што граѓаните ќе можат отворено да пријават доколку постои било каква злоупотреба на нивното право од страна на општинската администрација во оние општини во кои се разбира ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во советот и градоначалник. Но, истовремено ќе пријават свое задоволство и незадоволство и ќе ја следат реализацијата на програмата со којашто излеговме на овие локални избори за да можеме и ние како раководство и јас лично да го следиме она што сме го ветувале за време на кампањата. Затоа што не е само да ветите, туку и тоа што ќе го ветите треба да го испорачате, а тоа што го испорачувате треба да го испорачате чесно и достоинствено, затоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас. Преку глава им е од батиња, татиња и слични злоупотреби кои се случуваа изминативе 4 па и повеќе години. Затоа ја користам оваа прилика да го соопштам овој проект овде пред битолската јавност, бидејќи за мене тоа значи многу, отворање на еден нов лист во начинот на функционирање на општинската администрација но и понатаму очекувам тоа да го пресликаме и во централната администрација, затоа што само на тој начин ние можеме да бидеме поуспешни доколку граѓаните бидат нашиот мотив, а правото и правдата бидат наша обврска во работењето, истакна Мицкоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.