Мицкоски: На пратеници им се ставаат лисици, се случуваат брутални убиства, ќе дојде денот кога сите ќе одговараат за тоа!

Пред Владата на Република Македонија во средата вечерта се одржа протестен марш организиран од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пред голем број граѓани, се обрати партискиот лидер, Христијан Мицкоски.

„Пред една година бевме сведоци на груба злоупотреба на власт, кога на пратеници од опозицијата им се ставаа лисици и брутално се омаловажуваа пред очите на македонската јавност. Истото тоа беше констатирано и од Народниот правобранител и се разбира, кога станува збор за СДСМ, одговорност нема. Но, ќе дојде денот кога ќе одговараат сите до еден. Убиства ни се случуваат по улиците во главниот град, брутални убиства по чикашки методи од почетокот на деветнаесеттиот век. Но нема ниту луѓе пред судовите, ниту сторители на тие настани. Каде е сега министерот за внатрешни работи да излезе и да каже? Или полесно му беше да ги апси пратениците од опозицијата? Или можеби му беше полесно да прати вооружени припадници на МВР да го заобиколат штабот на ВМРО-ДПМНЕ, да ги претресуваат нашите возила, да бараат луѓе во гепек, да бараат луѓе по нашите седишта. Тоа ли е демократија? Тоа ли е опозициона мисла? На рој ли начин сакаат со опзоицијата да се справат? На тој ли начин сакаат да ја задушат опозицијата?, праша Мицкоски.

„Нема тоа да ви го дозволиме. Ќе издржиме и ќе ве победиме сите до еден внатре, од прв до последен“, порача Мицкоски.