Мицкоски: На пратениците на ВМРО-ДПМНЕ им пристапувале мистериозни личности повикувајќи се на раководството на СДСМ

За мене политкка не е пазар туку филозофија. Сето она што се темели на некои реминиценции од некои минати искуства нема да можат да бидат применети во овој парламентарен состав, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по конституирањето на Собранието.Тој нагласува дека и во колацијата на СДСМ има некои што ќе ја поддржат реформската политика што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ.

„Да оставиме времето да покаже кој ќе го формира парламентарното мнозиство. На оние пратеници на кои им пристапиле митериозни личности кои се повикуваат на името на раководството на СДСМ, пријдоа ми кажаа и со згрозување ги одбија и јас со згрозувње одбивам да коментирам ваков тип на пазар. На тој начин само ги демотивираме нашите сограѓани за на следните избори кои ќе бидат локални да излезат и да го дадат својот глас“.