Мицкоски: На првиот ден во владата ќе објавам три големи интернационални инвестиции

227

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави три големи интернационални инвестиции во првите 100 дена откако ќе ја преземе власта кои ќе ги соопшти уште на првиот ден во владата.

Јас точно ќе кажам во првите 100 дена три компании ќе донесат одлука да инвестираат во Македонија.  Имињата ќе бидат кажани на првиот ден од експозе кое ќе го дадам како премиер. Тоа ќе бидат сериозни мултинационални компании кои ќе инвестираат и тоа сериозен капитал. Кога зборуваме за минимум 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции, ние зборуваме за нешто што во овие 3 години досега назадуваше. Еве погледнете ја статистиката вложувањето на домашните инвеститори во основните средства е од година во година намалено, затоа што или се намалува обемот на бизнис или им се намалува желбата да инвестираат во Македонија, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека за странските инвестиции имаше период кога голем дел од странските инвестиции кои ги донесоа минатите влади со пред се владата на ВМРО-ДПМНЕ, дел од својот капитал решија да го инвестираат затоа што тогаш следеше пораст на прогресивниот данок за да не морат да го одданочат, но следната година таа бројка падна и сега сме на дното на Балканот.

Во однос на инвестициите кои Заев ги најави, Мицкоски вели дека несериозно е да се најавуваат 3, 4 или 6  компании, треба да се знае колку точно, затоа што разликата помеѓу 3 или 6 е точно два пати, а тоа значи два пати поголема кажана лага.

Претпоставувам дека тие инвестиции се како Гугл и Фејсбук што дојдоа да инвестираат, како што дојде гигант од автомобилската индустрија кога го најавуваа Фолксваген, па на тој начин планираат и новите да ги донесат во Македонија, нагласи Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.