Мицкоски: На СДСМ им одговара да нема договор за ЈО, за да се спасат од одговорност

43

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во 360 степени на Алсат Телевизија изјави дека на СДСМ не им одговара да има договор за јавното обвинителство за да можат случаите на СЈО да ги спроведуваат со рекет и за да Зоран Заев се спаси од одговорност иако е згазен од времето.

– Има субјективна и стратешка причина зошто нема договор за законот за јавно обвинителство. Стратешката е дека на СДСМ им одговара да нема договор, затоа што само на тој начин кога ќе се зборува за СЈО, за предметите во СЈО и така натаму, па ќе ја впрегнат онаа нивна скапо платена пи ар машина преку своите мегафони ќе кажуваат како ние штитиме криминал, за да може да му конкурираат на скандалот Рекет 1. Сега не знам како ќе му конкурираат на скандалот Рекет 2, па на 3 4 и така натаму. Вели Мицкоски.

Тој потенцираше дека СДСМ сметаат дека колку подолго ги лиферуваат оваа тема за јавно обвинителство и тезата за СЈО мислат дека во перцепцијата кај неопределените колку толку ќе парираат за случајот Рекет 1.

Субјективната е што на Зоран Заев не му одговара расчистување на криминалот во овие три години, но и оној криминал од минатото кој што е заташкан. Затоа што и да ве потсетам не смееме да заборавиме и јавноста да не заборави дека овие политичари се од времето на Центро, Славија и така натаму, и тој и неговата заменичка во СДСМ. Така што ние имаме една антропологија која што е испреплетена со скандали и афери, изјави Мицкоски.

Тој додава дека објективната причина е за да парираат на политичките случувања кај неопределените гласачи така што мислејќи дека сопствениот криминал ќе го покријат за евентуален сомнеж за криминал од минатото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.