Мицкоски на штанд на СДСM: Обновата ќе ви треба, да се потсетиме како сте можеле, а ништо не сте направиле

По вчерашната посета на штандовите на СДСМ од страна на потпретседателот на партијата и носител на листата во четвртата изборна единица Александар Николоски и кандидатот за пратеник Тимчо Муцунски, денеска „Обновата“ на штандот на СДСМ во Битола ја остави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На активистите на СДСМ тој им порача дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ ќе им треба, а на возвратниот подарок „Можеме“ одговори:

„Да се потсетиме како сте можеле, а ништо не сте направиле“.