Мицкоски на средба со г.г. Стефан: Честитки за мудроста на Синодот во делувањето на нашата Црква до патот на нејзината автокефалност

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата Владо Мисајловски, денес остварија средба со г.г. Стефан.

„Денес заедно со Владо Мисајловскиi остварив средба неговото блаженство архиепископот на МПЦ-ОА г.г Стефан.

На средбата честитав за храброста и мудроста на Синодот и поглаварот во делувањето на нашата Црква до патот на нејзината автокефалност, како чувар на нашиот идентитет и култура.

Македонската црква која овозможува духовно обединување на нашиот народ е знаечаен столб во нашето суштествување како народ и земја.

Да чекориме обединето, мудро и решително- посочи Мицкоски.