Мицкоски на средба со германскиот пратеник Питер Бајер

Во Лајпциг пред Конгресот на ЦДУ остварив средба со Питер Бајер, пратеник во Германскиот Бундестаг и Национален Координатор на Германија за Трансатланска Соработка. Разговаравме за Македонските прашања и предизвици, за поддршката која ни треба да направиме крупни чекори на патот кон Европската Унија, за јакнењето на пријателствата и перспективите кои ќе ги отвори идната Влада и проблемите кои ќе ги решиме за подобар живот на граѓаните, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.