Мицкоски на средбата со специјалниот претставник Сарацин: Владата врши злоупотреба на европското знаменце за историски криминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот Александар Николоски и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски остварија средба со Манеул Сарацин, специјален претставник на германската влада за Западен Балкан.

Мицкоски и специјалниот претставник Сарацин разговараа за актуелната политичка и економска состојба, како и за евроинтегративниот процес на државата во Европската Унија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцирал дека државата се соочува со големи предизвици како на внатрешен така и на надворешен план, истакнувајќи дека додека граѓаните тонат во се поголема сиромаштија, високите владини функционери се богатат на сметка на граѓаните, бидејќи има висок степен на криминал и корупција од страна на владата на СДСМ и ДУИ.

-Воедно, Мицкоски го информираше Сарацин и за злоупотребите во собранието кои што ги прави власта во однос на користење на европското знаменце за законите кои се однесуваат за договорот со Бехтел и Енка за историски криминал, додавајќи дека на тој начин не и се дозволува на опозицијата да може да дискутира по однос на забелешките на законите.

Претседателот Мицкоски уште еднаш го афирмираше ставот на партијата во однос на евроинтегративниот процес и започнување на преговорите, додавајќи дека граѓаните на Македонија час поскоро треба да бидат дел од ЕУ, но процесот да се води исклучиво на европски процеси и принципи, а не на уцени и закани од соседна Бугарија.

Соговорниците се согласија за унапредување и интензивирање на соработката, а Мицкоски се заблагодарил за поддршката од Сојузна Република Германија, велат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.