Мицкоски на средби со раководните луѓе на ЦДУ и германските автомобилски гиганти, конекции за соработка и лобирање за Македонија

Денеска ја предводам делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која што e во Лајпциг на Конгресот на сестринската партија Германската Демократска Унија (ЦДУ). После исклучително успешниот Конгрес на Европската народна партија во Загреб, каде што ги реафирмиравме нашите ставови за апсолутна и целосна поддршка на патот на Македонија кон Европската Унија и каде што добивме исклучително голема поддршка од страна на нашите сестрински партии за време на конгресот но истовремено и на самитот кој што се одржа на маргините на конгресот на Европската народна партија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

„Продолжуваме во Лајпциг, ќе оствариме голем број средби со пратеници во германскиот Бундестаг, веќе имав неколку такви утринава со господинот Бајер, со поранешниот европратеник Дорис Пак. Разговаравме за актуелната политичка економска состојба во Македонија, гои пренесов впечатокот и анализата која што практично ВМРО-ДПМНЕ ја има“, додаде мицкоски.

Истовремено порача дека до полн израз доаѓа, како што го нарече, „завидлизмот“ на премиерот Зоран Заев.

Откако иде дека и последната негова теза, неговиот меур како сапуница се распрсна дека ВМРО-ДПМНЕ практично имала неуспешен конгрес во рамките на ЕПП во Загреб. Поддршката е огромна, средби со голем број претставници, со голем број претседатели на наши сестрински партии. Ја реафирмираа недвосмислената поддршка кон ВМРО-ДПМНЕ и на следните предвремени парламентарни избори голем дел од нив ќе присуствуваат во насока на поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и поддршка на патот на Македонија кон Европската Унија, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во обид да ги скријат катастрофалните скандали каде што кумашинот на Зоран Заев практично брутално го нападна коалициониот партнер ДУИ, скандалозното ослободување на притвореничката Катица Јанева, скапо  платената пи-ар машинерија на СДСМ буквално од контекст се обиде да ја изврти вистината и да ги манипулира македонските граѓани“, заклучи Мицкоски.