Мицкоски на видеоконференцијата на EPP aпелира да не се кочи и да се забрза процесот на интеграција на Македонија во ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Самитот на лидери на Европската наредна партија (ЕPP) во чиј фокус е регионот на западeн Балкан од кој дел е и Македонија.

Мицкоски во своето онлајн обраќање му се заблагодари на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ за поддршката која ја дава за проширувањето на Унијата, но и на претседателот на EPP, Доналд Туск со чија поддршка е организиран овој самит со фокус на нашиот регион.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ е спремна да ја стави Република Македонија на брзата трака за членство во Европската Унија фокусирајќи се на клучните проблеми на државата за кои се потребни суштински решенија.

Во оваа смисла разбираме дека мора да ги завршиме домашните задачи. Ова значи справување со корупцијата на високо ниво, воспоставување функционален систем на владеење на правото, одговорност и зајакнување на нашиот политички и судски систем, така што тој ќе биде транспарентен и ќе обезбеди рамка со која се дава правна сигурност. Ова може да се постигне и следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе се посвети на овие принципи, вели тој.

Мицкоски и покрај тоа што има сериозни пропусти од актуелната власт апелираше да се забрза процесот на интеграција на Македонија во Унијата, и оценувањето на нашиот напредок да се базира на стандардите, вредностите и принципите на ЕУ.

Aпелирам да помогнете да се забрза процесот на спроведување на првата Меѓувладина конференција што ќе овозможи започнување на пристапни преговори со Европската Унија. Ние, ВМРО-ДПМНЕ сме подготвени да ги поставиме преговорите на брза патека врз основа на најважните стандарди, вредности и принципи на ЕУ, истакна Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.