Мицкоски: Најцрн ден во македонската историја

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција по изгласувањето на потребата од донесување на Уставните измени рече дека вчера бил црн петок, најцрн ден во историјата на Македонија, а седумината пратеници од партијата кои гласаа за уставните промени се исклучени од партијата.

По вонредната седница на Извршниот комитет било решено Крсто Мукоски,Елизабета Канчевска-Милевска,Емилија Александрова, Љубен Арнудов,Зекир Рамчимовиќ, Нола Исмајловска Старова и Сашо Василевски да се исклучат од партијата. Тој им изрази почит на пратениците кои одолеаја на притисоците и гласаа согласно партискиот став.

Наместо Собранието да биде храм на демократијата , стана место во кое се киднапира од ордите на Зоран Заев.  Денот се претвори во лов на пратеници. Јас како човек не можам да ги оправдам , но тоа не е важно. Како ќе ги оправдаат семејтвата, татковината, нивната постапка. Знам дека дел од нив се соочуваат со сериозни обвиненија , пред се од СЈО , но обврската на пратеникот е поголема од било која закана. Ниту ги сфаќам , ниту можам да ги разберам, но сега тие ќе мора да живеат со овој срам, рече Мицкоски.

Тој категоричо изјави денска денес се менува лицето на македонија, а со тоа и историјата и личните документи.

Ова е силување на процедурите, срамно дело кое ќе се памети. Заев нанесе срам на држажата. Таа е во тешка ситуација поради ваквата власт. ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од членството во ЕУ и НАТО. Најголемиот непријател на европските вредности е Зоран Заев. Договото е параван за криминалот што не престанува. Затоа со кршење на демократијата го направија ова, рече Мицкоски.

Тој потенцираше дека има обврска да се спротивстави на ова. Тој не се откажува од избори на кои е уверен дека ќе победи, а Заев ќе ја добие заслужената казна.