Мицкоски: Намалување на невработеноста преку јакнење на приватниот сектор

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија 24, посочи дека фокусот на програмата Обнова на Македонија е токму на економијата, укажувајќи дека сметаат дека мора да се намалува невработеноста преку јакнење на јавниот сектор.

„Ние сѐ уште имаме царински давачки кои што главен мотив им е практично да штитат домашно производство а ние воопшто не произведуваме такви артикли, а тие царински стапки постојат. Така што најпрвин ни е важно да направиме еден вид на хармонизација на сите овие работи и да имаме функционална правна држава. Потоа доаѓаме паралелено со ова до мерките во економијата. Апсолутно да цениме дека намалувањето на невработеноста треба да биде главно со фокус кон приватниот сектор. Затоа кон другите делови од програмата ќе забележите дигитално општество, во инфраструктурата кои капитални инвестиции, во енергетиката кои капитални инвестиции и сетот тоа подразбира намалување на невработеноста но со фокус на приватниот сектор а не во државната и јавната администрација. Има јасна методологија со кое тоа се прави затоа што многу бизнисмени нас ни се пожалија дека бараат а немаат работна сила во Македонија. Тоа е најголемиот проблем со кои се соочуваат денеска“, вели Мицкоски.