Мицкоски: Наместо да бара виновници во другите, Владата да ја презема својата одговорност

Наместо власта да се препукува со опозицијата и бара виновници за сопствената неспособност, да предлага закони без мерки за заштита од Covid-19, да ја забошотува катастрофата со заразата, нека ги засука ракавите и нека проработи системот кој моментално е „гнил до последната штица“, порачува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ако имаа грам одговорност ќе летаа оставки, наместо ветувања за некое подобро утре кое никако не доаѓа. Ги нема денес наконтени на безначајни прес конференции, го нема ниту премиерот да ни каже дека ја победиле заразата која денес поразува, го нема ниту Караџовски да ни каже дека сѐ е под контрола, затоа што ништо не е под контрола. И не се само заразените, туку и високиот процент на починати кој покажува сериозни слабости во нашето здравство“, наведува Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ притоа предупредува дека Македонија се соочува со национална катастрофа, од којашто поопасна е само неспособноста на „мафијата закотвена во владата“.