20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мицкоски: Нашата борба е со дела, нивната со криза

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Струмица оствари средба со здравствените работници.

-Денес во Струмица имав средба со здравствените работници. И додека во СДСМ функционира штаб за правење на кризи, во ВМРО-ДПМНЕ функционира штаб за правење на програма. А тоа е нашиот пат зошто имаме одговорност да понудуме решенија и предлози за подобар живот. Ќе се бориме за повеќе за секого, за докторите, за медицинскиот персонал, за просветните работници, за земјоделците, пензионерите. Предвидуваме за 25% повисоки просечни плати во еден мандат, невработеност под 10 % или едноцифрена невработеност, зголемување на пензиите за 20%, и пониски трошоци за сите преку пониски даноци. Најнизок рамен данок во светски рамки од 10 на 8%, напиша Мицкоски на Фeјсбук и додаде:

„Нашата борба е со дела, нивната со криза, нашата е со чесност, нивната со крадење. На 12 април Македонија одлучува, а знам дека Македонија ќе одбере повеќе за секого, зошто само така Македонија ќе победи. Обновата доаѓа!“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.