Мицкоски не би бил изненаден доколку Заев ги прифати сите барања од Борисов, во замена за странско лобирање

И до нас пристигнуваат одредени информации од Брисел дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во замена за лобирање кај европски диломатски кругови ги прифатил сите барања поставени од бугарскиот премиер Бојко Борисов, на штета на македонските национални интереси, одговори во средата на новинарско прашање опозицискиот челник Христијан Мицкоски,

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека не може да каже дали споменатите шпекулации се точни, упатувајќи прашањето да му биде поставено на Заев. Мицкоски притоа истакна дека, имајќи го предвид однесувањето на поранешниот премиер во однос на контроверзните барања од соседите, не би бил изненаден во веродостојноста на таквите информации,

„Не знам дали е точно, тоа ќе треба да одговори Зоран Заев, но позициите на нашиот источен сосед ги слушнавме, тие се јасно позиционирани повторени од страна на неколку државници на нашиот источен сосед. Таков тип информации коишто се зборуваат низ ходниците во Брисел стигаат и до мене. Не би сакал да верувам, но поучен од минатото кога се споменуваа жици, кога се колневме во најмилото, а потоа ги менувавме нашите ставови како налагаа политичките прилики и личниот и партискиот интерес, така можам да заклучам и сега дека нема да ме изненади доколку ја има можноста Зоран Заев да одлучува по тие прашања да ги прифати буквално сите позиции коишто се наметнати од страна на нашиот источен сосед. Но, сепак повторно ќе кажам тоа е на ниво на информации и шпекулации, доколку е тоа вистина тогаш треба самиот Зоран Заев да излезе дали тоа ќе биде повторно со некоја жица којашто е гитара или нешто друго, тој треба да ви одговори. Но, за жал, искуството во минатото го демантира.