Мицкоски: Не ги исполнивме целите на генерацијата која се избори за независна држава, потребни се промени

Почетоците на независноста се неминовно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и активната улога која ја имаше партијата во градењето на државата, Република Македонија. Таа генерација сложно се избори за независна држава, со свои институции, огромен елан за подобар живот. А денес главното прашање е дали ние како генерација ја оправдавме нивната борба. Одговорот во голема мера е НЕ, се вели во писментата изјава на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски, по повод Денот на независноста.

„Не ги исполнуваме целите за кои тие се бореа затоа што имаме држава со слаби институции, земја потопена со криминал и корупција, намачен и сиромашен народ. Мафија, која управува со државата и сака да управува со животите на луѓето. Нашата генерација е тука и чекаме нова шанса. Македонија не успева затоа што на народот му треба пресвртница која ќе ги направи заедничките животи подобри и поуспешни. После 29 години зборуваме за истите цели како во времето кога се создаваше државата. Европска Унија, силна економија, сигурност итн“, се вели во изјавата, во која Мицкоски потсетува дека почетоците на независноста се неминовно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и активната улога која ја имаше партијата во градењето на државата.

Од опозициската партија ја обвинија власта за неисполнување на вистинските вредности, додавајќи дека во земјата не има секакви, од повеќе етнички припадности и вери, но не обединува заедничката мисла за подобар живот, за среќа и успешност која ја нема нашата земја.

„Затоа ни се потребни промени кон подобро, а за тоа треба работа и ангажман на секој еден од нас и да разбереме дека секој е создавач на својата судбина и среќа. Од нас зависи се. Затоа мора заеднички да се избориме, да немаме богата влада а сиромашен народ, влада која има удобства а народ кој живее на вересија“, вели Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.