Мицкоски: Не ги поддржувам мерките на власта за полициски час за Задушница, исто како и за Рамазан Бајрам, власта требаше да најде начин поинаку да го заштити здравјето на граѓаните“

Христијан Мицкоски, Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во телевизија 21 зборуваше за полицискиот час кој е воведен поради пандемијата и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржувало оваа мерка ниту за Велигден, ниту за Разан Бајра, а ниту и за Задушница и смета дека власта требало да најде друг начин како да ја менаџира целата оваа ситуација.

-ВМРО-ДПМНЕ имаше принципиелен став и кога беше Велигден и кога беше Рамазан Бајрам и утре кога е Задушница . Кога беше Велигден најголемиот христијански празник јас имав едно видео обраќање од сопствениот дом во кој што кажав дека го поддржувам протоколот кој тогаш го донесе владата за седење дома . Ако донела владата вие треба да ги следите тие протоколи.И тогаш се случи дел од тие платени ботови по социјалните медиуми да го извадат тоа сосема од контекс и еве го Мицкоски го поддржуваше тоа за Велигден зошто сега вели дека не го поддржува затоа што и тогаш не го поддржував и за Рамазан Бајран и за утре.Ќе ви кажам дека ние како политичка партија и јас како човек не го поддржувам ова што им се прави на верниците без разлика дали се од христијанска веросиповед или се од исламска исповест. Требаше да се овозможи да се најде друг начин за да се менаџира целата ситуација, истакна Мицкоски во своето гостување.

Мицкоско порача дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија предлагала многу начини во врска со оваа ситуација како таа да се надмине, но за жал тоа беше отфрлено и воопшто не беше дискутирано.