Мицкоски: Не им одговара силно ВМРО на никого, освен на народот и граѓаните од сите различни припадности

„Мораме умно да ги чекориме чекорите до крајната политичка цел. Затоа што со граѓаните имаме иста цел, а тоа е дека оваа криминална Влада полна со неспособност треба да замине. Они би биле најсреќни да ние им дадеме на нив оправдување да останат уште подолго од тоа што планираме ние да останат. Затоа сакам на наши сограѓани да им кажам – ве молам имајте трпение. Ќе дојде и тој ден, затоа што мора вистинските одлуки да се носат во вистинското време и да се прават вистинските чекори. Го имам целосното разбирање и во право се луѓето, никој од тие луѓе не греши кога сака луѓето од власта да заминат“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Мицкоски додаде дека мора заеднички со граѓаните да се дојде до посакувата цел, а тоа оваа неспособна гарнитура во Влада да си замине еднаш засекогаш.

„Не им одговара силно ВМРО во Владата, на никого. Само на македонскиот народ и на сите оние граѓани во Македонија од различна етничка припадност на кои што им е преку глава од транзициони херои, на кои што им е преку глава од 20 годишното владеење на ДУИ, сите оние кои што се заситени од сето ова кое што денеска го гледаат како политичка реалност. На никого од тие не им одговара силна Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, само на македонскиот народ. Затоа јас повикувам на општествена поддршка“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека затоа повикува на обединување и секогаш ги гледа граѓаните во очи и им зборува да се даде поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и нема да ги изневери.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.