Мицкоски: Не можат еден затвореник да го пренесат од точка А до точка Б во Скопје, а не пак Македонија да ја носат во ЕУ

„Ние сме кажале дека граѓаните во Македонија не се безбедни од многу причини, не само поради ова филмско бегство на затвореник. И тоа доаѓа истиот ден кога Ковачевски и Владата на ДУИ поддржана од СДСМ не убедува ќе ја однесла Македонија во ЕУ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Вевчани, коментирајќи го филмското бегство на затвореник и тоа колку граѓаните на Македонија се безбедни.

Мицкоски додаде дека власта не може да пренесе затвореник до одредена точка, а не пак Македонија да ја внесат во ЕУ, потребни се предвремени парламентарни избори.

„Тие не можат еден затвореник да го пренесат од точка А до точка Б во Скопје, а не пак Македонија да ја носат во ЕУ. Така што еден општ хаос на Дивиот Запад ни се случуваат работи“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„И колку побргу имаме предвремени избори и колку побргу дојдат други луѓе толку побргу ќе завршат овие срамови кои што ни се случуваат“, укажа Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.