Мицкоски: Не може да се очекува од Заев, кој се среќавал со криминалци во својот дом, да направи пресврт во Брисел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со Управниот одбор на Стопанската комора во Битола на новинарско прашање околу поврзаноста на премиерот Зоран Заев со турскиот нарко бос Седат Пекер изјави дека за таа средба тој дознал од самиот Заев и Пекер. Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ само го рефлектира она што како информација доаѓа до нив. И после вакви средби на премиер на една држава со криминалец кој во својата матична земја важи за човек кој е проблематичен пред законите, не може да се очекува дека во Брисел ќе направи некаков пресврт во преговарачката позиција.

„Јас не реков дека Заев имал средба со Седат Пекер, самиот Пекер рече дека го познава премиерот на Македонија и дека бил негов гостин. Само ја кажувам изјавата на Седат Пекер. Некој сега ако сака да каже дека Пекер лаже па, прави аналогија на тоа дека и ние не ја говориме вистината тогаш има начин како тоа да се докаже. Обвинителството по допрен глас треба да го повика тоа лице, тоа лице во ОЈО да даде исказ дали е вистина дека се среќавал со Седат Пекер кој што во неговата матична држава важи за човек кој е проблематичен пред законите и понатаму треба да видиме како тој човек нашол неколку месечно прибежиште тука во Македонија. И според изјавата на Зоран Заев тој човек Седат Пекер е жител во Македонија. Се надевам дека Заев нема да каже дека не ја говорам вистината, бидејќи ова тој го кажа. Јас само пренесувам тоа што тој го говорел’, посочи Мицкоски.

Имајте во предвид дека ние, рече Мицкоски, само го рефлектираме во јавноста она кое што доаѓа како информација до нас.

„Во случајов, тоа се искази на Зоран Заев и Седат Пекер или Џадин Адемовски како што е по извод на матична книга на родените или во неговата лична карта која што е добиена во јануари месец 2021 година. Тој Пекер или Адемовски според неговото тврдење бил гостин во домот на нашиот премиер со кој што се познава. И замислете човекот кој што се среќава со тој криминалец, очекувате вие пресврт да направи во Брисел“, истакна Мицкоски од Битола.