Мицкоски: Не отфрлам можност за протести

Ова што во моментот се случува во Република Македонија ги минува сите граници на нормално функционирање на една држава, и поради тоа е потребно формирање техничка влада од 100 дена и распишување на предвремени парламентарни избори, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното интервју за ТВ Алсат М.

Ова што денеска се случува навистина ги поминува сите граници на нормално функционирање на една држава. Јас го разбирам тој дел и затоа велам се уште додека повикуваме на мирен начин е потребно да се организираат предвремени парламентарни избори, додаде Мицкоски.

Нагласи дека не ја исклучува можноста за протести од страна на ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека тој поддржува секогаш мирни протести каде што граѓаните на мирен и достоинствен начин ќе морат да го искажат револтот за катастрофалните политики на владата на Заев и неговите соработници.

Таман работа. Апсолутно секогаш мирни протести, секогаш организирање на мирни протести за опција за било која опозиција вклучително и за ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата во Република Македонија без разлика дали таа опозиција ќе биде само ВМРО-ДПМНЕ или останатите опозициони партии. Зошто тоа да не бидат и опозиционите партии од албанскиот блок, изјави Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.