Мицкоски: Нема да има датум за преговори со ЕУ затоа што оваа влада не работи

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа кажа дека СДСМ веќе две години спие, дека имаме пораз на секаков план и дека нема никакви реформи во судството, здраството, образованието.

Економијата е катастрофална и тоа во моменти кога европската и светската екомија се во рапиден раст, ние се задоволуваме со просечни стапки на пораст на бруто домашниот прозивод, и владата кажува дека овие месец дена се курцијални за да се случат преговорите со ЕУ , и сето ова покажува дека нема да има преговори за ЕУ, потенцираше Мицкоски.

Рече дека според сите најави и оваа година нема да се добијат датуми за преговори затоа што се тргува со правото, нема правдина во оваа државата, нема реформи во судството и економијата.

-За да вие добиете датум за преговори јасно и гласно денеска официјални лица од Европската унија ни кажаа дека не е само ова понижување што се направија во петокот, туку треба да се засукаат ракави и да се работи, истакна претседателот Мицкоски.

Додаде дека за да се добијат тие преговори треба да се се направат реформи кои навистина ќе би бидат структурни, треба да се донесат закони не само на хартија туку тие да бидат оперативни, треба да има фер судство каде граѓаните ќе имаат доверба во него.

Мицкоски притоа му одговори на пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој побара ВМРО-ДПМНЕ да ја сменеле таблата во партиското седиште и на албански јазик, оценувајќи дека станува збор за изјава „од минатиот век“. Запрашан како ја толкува изјавата на Груби и дали ќе постави двојазична табла на партијата.

Мицкоски одговори децидно дека таа изјава е за некои други времиња од минатиот век и е антимакедонска изјава, сепак требало Груби да покаже барем малку емпатија кон своите сограѓани Македонци, па и своите пријатели и познаници во ВМРО-ДПМНЕ.

Но повторно јас мислам дека е добро овој совет да им го даде на СДСМ како најголема партија помеѓу Албанците во Република Македонија. Бидејќи они на овој начин ако се обидуваат вака сатирично да се однесуваат кон ВМРО-ДПМНЕ треба да се свесни дека на тој начин ги губат симпатиите кај стотици илјади луѓе што некако себеси во своите животи се идентификувале со ВМРО-ДПМНЕ, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ако пак сакаат да им се допаднат на Албанците мислам дека добро е овој совет да им го дадат на СДСМ бидејќи они практично во овој момент најголемиот нивен политички противник помеѓу онаа фела на луѓе каде што бараат гласови е токму СДСМ.