11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Мицкоски: Нема да поддржиме Закон за обвинителство преку кој Заев повторно ќе се аболицира

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Магазин.мк меѓу другото, говори и за Законот за обвинителство.

Мицкоски вели дека е за апсолутна правда, и тоа без оглед на тоа за кој се работи дали некој бил член на СДСМ, на ДУИ или ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас во неколку наврати повторувам, немам концесии во политиката кон никого, и кон никого не должам. Оттука се чуствувам комотен во борбата против криминалот и корупцијата. И тука нема да имам обзир за кого се работи. Не постои малку или многу криминалец, или некој малку се огрешил кон законот или многу. Но таква пристап нема кај нашите противници. Со внимание ја следам дебатата за законот за јавно обвинителство и можам да кажам дека навистина кај власта постои паника од независно обвинителство. Ја слушам министерката за правда Дескоска како вели дека ВМРО-ДПМНЕ имала само едно барање да запреле постапките кои се водат на суд против нас. Можам само да кажам дека Дескоска ја префатил вирусот од Заев за лажење. Јас излегов на опширна прес конференција која траеше речиси еден час каде кажав дел од причините зошто не поддржуваме закон за јавно обвинителство по теркот на Заев и зошто тој закон е противуставен. Симплифицирано не поддржуваме закон со кој Заев одново сака да се амнестира од одговорност преку воспоставување на контролирано обвинителство преку кое треба да поминат неказните криминалите на неговиот хибриден режим. Тој филм нема да се гледа. Доколку СДСМ навистина е за законско решение нека ги прифатат нашите забелешки и веднаш да го изгласаме законот, истакна Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.