Мицкоски: Нема да поднесам кандидатура за претседател

Мојата политичка амбиција како претседател на  ВМРО-ДПМНЕ, но и обврска кон членство и структурите на партијата кои ме поддржуваа и кон граѓаните на Република Македонија е да победам на следните парламентарните избори така што во овој момент нема да поднесам кандидатура за претседателси кандидат кој би бил поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостувајќи во централниот дневник на телевизија Сител.

Тој информираше дека по новогодишните празници ќе започне процедурата за избор на кандидат за претседателските избори.

Мицкоски укажа дека по една година може да каже „успеавме да направиме една внатрешна реорганизација на самата партија јас сум задоволен од она што се случуваше во ВМРО-ДПМНЕ“.

Амбициите никогаш не престануваат, секогаш целите кон повеќе и подобро. Како човек јас сум перфекционист и сакам работите да функционираат во таа насока. Се надевам недостатоците што ги имавме во 2018 се надевам во 2019 ќе можеме да ги санираме, додаде Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.