Мицкоски: Нема историски комисии, нема преговарање за Македонецот Гоце Делчев

Христијан Мицкоски потенцираше и дека доста беше преговарање за нас, за Македонија, за Гоце Делчев и за македонскиот јазик.

– Тие што не сакаат и почитуваат ќе не сакаат и почитуваат такви какви што сме . Луѓе кои што си го почитуваат Гоце затоа што Гоце е Македонија и за Гоце нема преговарање. Нема историски комисии, нема преговарање за Македонецот Гоце. Тие кои што ни го негираат правото за нашиот мајчин македонски  јазик тие не не почитуваат. Нема ниту милиметар преговори за нашиот мајчин македонски јазик кој што се учи на 160 универзитети во светот, истакна Мицкоски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.