Мицкоски: Нема ништо лошо, ќе се борам до крај да донесеме 150 електрични автобуси, со услов да отворат фабрика со над 500 вработени

Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска во својата програма имаат план да се обезбедат 250 еко автобуси. 100 до 150 електрични, стотина на природен компримиран гас, итн. Што е тука лошо ако ние обезбедиме преку транспарентна јавна постапка, 150 електрични автобуси и ако секој од нив заштедува 80 000 тони CO2 и притоа има услов да се отвори фабрика во Македонија со 500 вработени, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Заспиј ако можеш“ на Алфа Телевизија.

Мицкоски истакна дека тука нема ништо лошо бидејќи и државата и граѓаните од ова ќе имаат корист, но власта наместо да го поддржи ова, тие се фрлија со напади.

-Во вакви моменти ако некој навистина сака да помогне, навистина тоа би било добро и за државата, навистина треба да седнеме заеднички и да поразговараме и да видиме како може да си помогнеме, затоа што сепак една таква фабрика за производство на електрични автобуси, Македонија е на мапата на производители на такви хајтек-компоненти, би значело стратешки многу за државата и за граѓаните. Наместо да подадат рака и да помогнат, тие излегоа почнаа да ме напаѓаат, потенцира Мицкоски.

Тој повикува да се седне и да се сработи ова наместо да се напаѓа.

-Јас сум навикнат на тој фолклор, но дајте да седнеме и да сработиме, да ги донесеме луѓето тука да отворат фабрика и од таа фабрика после тоа да може да извезуваме надвор од Македонија. Тие тоа не го направија туку ме нападнаа, истакна Мицкоски

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.