Мицкоски: Ние сме браќа и сестри по нашата кауза, излезете и гласајте за Македонија!

31

На вчерашниот масовен митинг на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицкоски им се обрати на граѓаните.

Тој испрати посебна порака на оние кои сакаат да ги бојкотираат изборите.

Сакам да се обратам до оние кои цврсто заговараат бојкот, а кои сепак во своите срца ја носат идејата за Македонија. Ние сме браќа и сестри по нашата кауза, и знам дека имате 1000 причини да бидете разочарани, повлечени, бесни, и не велам дека за се не сте во право, но ви се обраќам искрено, без ракавици, во име на организацијата со историско име и завет ВМРО, имате една причина зошто морате да излезете, таа се вика Македонија. Бојкотот на овие избори знаете дека му помага само на Заев, и тој потајно тоа го посакува и на тоа се надева, и на тоа работи. Некогаш треба да се биде молчалив и да се чека прилика кога треба да се биде гласен, ова е твое време. Сега треба да се биде гласен. Дојдете во нашето семејство, затоа што со нас имате многу повеќе заеднички работи, отколку со оваа однародена власт. Бесот нека не ви биде поголем од љубовта кон татковината, која знам дека длабоко во срцето ја имате. Дојдете заеднички да се бориме против ова зло.  Излезете и гласајте, не барам да гласате поради мене или ВМРО-ДПМНЕ, гласајте поради себе и своите семејства. Гласајте поради Македонија, рече тој.

Мицковски понатаму во својот говор потенцираше дека на  овие избори Македонија требаѐ да се брани со гласачко ливче.

Јас ја гледам Македонија како идеја, муза и инспирација за која вреди да се живее и умре. Ако и вие го споделувате ова како и јас, тогаш ајде заеднички да се избориме за нашата честита Македонија.  Затоа еден ден кога ќе помине време, многу наши сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми, Египјани и останати, ќе се запрашаат дали направивме се што можевме за да се избориме за работите во кои веруваме? Дали ја оправдавме големата одговорност која и беше дадена на нашата генерација? Во многу моменти од животот ќе забележите дека работите не се фер,  дека некој тргува со работи кои се свети, ве притиска, прогонува, осиромашува и обесправдува. Не се откажувајте, продолжете да се борите! Колку повеќе ви викаат дека е готово, ве тераат да се обесхрабрите не се откажувајте браќа и сестри – борете се! Емоциите да ги претвориме во акција! Време е! Веруваме во Правда за Македонија! Во химната стои дека Македонците се борат за своите правдини! Македонците не веруваат во власта – веруваат во Македонија! Таа е радост, тага, болка, успех, суштина, пиреј, Татковина! Барај те го најдоброто во себе! Дојде часот! Колку повеке ти викаат дека нешто не е возмозно ти повеќе мотивирај се и  докажи им дека грешат! Победи! Колку повеќе овој скршен систем те притиска толку повеќе знај дека си на вистинската страна! На страната на правдата. На страната на Македонија! Затоа ве велам да се приклучите и да гласате, додава Мицкоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.