Мицкоски носи решение за секој граѓанин, а за пензионерите враќање на законското право на повисоки пензии

Видете Заев звучеше уверливо и кога велеше дека ќе донесе живот, дека ќе го исчисти воздухот, дека ќе донесе 500 евра плата, а најуверливо звучеше коа се колнеше во предците дека нема да го смени Уставот, но фактите покажуваат дека ништо од ова не стана реално, тврди Христијан Мицкоски.

Знаете имаме ние две полувремиња. Првиот круг од изборите кога истиот тој Заев велеше дека имало 760 милиони евра инвестиции, се качувале плати, судството се отворило како пупка, имало голем број на нови вработени, дека сме блескале во Светот и дека ќе одиме напред. По шамарот кој му го испорачаа граѓаните после првиот круг од изборите, дојде второто полувреме, оној Заев кој е комплетно друга личност од овој во првиот круг, сега вели ништо не чини,  ќе фаќал метлата. И треба да осговори кога лажеше, првиот круг кога се колнеше дека блескаме или вториот круг кога се фати за метлата. Ќе ви кажам и тогаш и сега лаже, само фотеља го интересира, објаснува тој за Прес24.

Според Мицкоски од лагите на Заев настрадаа и пензионерите кои останаа без повисоки пензии согласно трошоците за живот.

Што се однесува до пензионерите, сакам да истакнам дека таму власта врши притисок и ги казнува со тоа што им го укина стандардното зголемување кое беше законски загарантирано и врзано со растот на инфлација, па сега нивните пензии не го следат растот на трошоците за живот. Сакам да посочам дека откако ќе се смени власта една од првите мерки ќе ни биде враќање на претходното законско решение каде на пензионерите ќе им загарантираме законско покажување на пензиите односно усогласување со инфлацијата и трошоците на живот. И покрај тоа што законски им следува ќе имаат и други покачувања на пензиите, но за процентите колку тие ќе растат ќе ги соопштиме кога ќе дојде време за тоа, вели Мицкоски.

Тој вели дека иако Заев упати директна закана за државната администрација, таа не треба да стравува за своите работни места, секому кому ќе му нанесат неправда, ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт ќе ја исправи.

Ќе понудиме решенија за секој проблем на граѓаните.Имаме обврска да ја смениме повеќедецениската слика за политичарите во Македонија кои во голема мера го разочараа народот и го ставија во апатија. Заев во кампањата на неговиот кандидат Пендаровски не се појавува во ниту еден спот, а тоа е така затоа што и тие знаат дека Заев носи негативен рејтинг, дека не го сака народот и дека може уште повеќе да го повлече Пендаровски надоле. Очекувам победа, да не ни се случуваат брзи прсти какви имавме за време на референдумот и какви се појавија срамежливо во првиот круг на изборите. Нема правда без одговорност. Ќе донесеме правда и секој кој нанел неправда ќе одговора”. Ова се дел од пораките од интервјуто со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

 

 

 

 

Со моите соработници поминав 10 илјади километри во првиот круг од кампањата. Го посетив речиси секој град и поголемо населено место, допревме до многу луѓе. Не сметам дека политичарите треба од канцеларија да менаџираат со работите, туку ним работата им е на теренот, меѓу народот и така се добива нај јасна слика за потребите на граѓаните и реалноста во која живееме.