Мицкоски: Нови изборни модели нема да го спасат Заев од пораз на следните избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на ТВ Телма истакна дека Заев нема да се спаси од поразот на следните избори и дека поразот на власта е неминовен.

Тој вели дека во врска со отворените листи треба да внимаваме во делот како би ги правеле тие измени и вели ако е намерата со тие измени да се спаси Заев од пораз на следните избори и тоа нема да му помогне затоа што поразот е неминовен.

Мицкоски истакна дека денеска Изборниот законик е збирка на политички желби и да ги прашате од ДИК ќе кажат дека тешко се снаоѓаат со него. Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ не бега од договор на крајот од денот ние ќе седнеме на маса и ќе договориме тоа што треба, затоа што градиме заедничка држава.

Ние не можеме повторно да градиме држава која што ќе биде производ на политички пазар како на зелен маркет, помеѓу Зоран Заев и неговите коалициони партнери. Мицкоски објасни дека можно е и веќе следните избори да има смена на изборните модели и промена на Изборниот законик доколку се увиди дека има таква потреба и системот не функционира, доколку тоа е во функција на граѓаните. Резултатот од целовкупните штетни политики на владата во изминативе 3 години е пораз на следните избори за власта, вели тој.