Мицкоски обелодени: Заеви отвориле фирми во Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дебатата на Канал 5 телевизија објави голем скандал.

Тој  објави три фирми кои фамилијата Заеви ги отвориле во Бугарија и посочи дека самите тие не веруваат во економските политики на владата предводена од СДСМ.

Мицкоски ги  објави фирмите „Гомасиндра“ во сопственост на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, „Радиша трејд“ во сопственост на Радиша Бојовиќ Заев кој му е зет на Зоран Заев и фирмата „Ориент груп“ исто така во сопственост на Трајче Заев, сите отворени во соседна Бугарија, наместо во Македонија.

– Тие се во соседна Бугарија, тие не веруваат господине Заев во  вашите економски политики, а вие очекувате да верува македонската јавност? Вашите најблиски не веруваат, потенцираше Мицкоски.