Мицкоски: Обвинетите од Рекет би немале никаква сила без поддршка на Заев и СЈО

Во интервју за Експрес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека зад случајот Рекет стојат луѓе со поддршка на Заев и СЈО и тој на прашањето „На прес конференција обвинивте дека зад случајот Рекет има индиции дека стои поголема организирана група која допира до врхушката на власта, на што точно мислевте?“

-Овие деновиве имаме неуспешна и панична операција на Власта да обезбеди „перење“ на сите учесници во криминалот, и намера целокупната одговорност да се локализира на двајца, до тројца личности. Но ќе им порачам дека тоа е залудно. Практично јасно е дека првообвинетиот не би имал никаква сила тоа да го прави за што се обвинува ако не се неговите блиски релации со компромитираното СЈО, но и со самата врхушка на власта. Не може да се заборави неговата блискост со лица од власта, ниту пак наклонетоста кон власта на медиумот чиј што неформален сопственик е тој. Но главата на тој криминален октопод не се овие обвинети, ниту пак самото СЈО кои се спроведувачи на директиви, туку отворениот сомнеж говори дека тоа е Зоран Заев лично, а пипците на таквиот криминален октопод се луѓето околу Зоран Заев и во дворот на неговата партија. Катица Јанева со дел од нејзините соработници се најверниот слуга на Зоран Заев, практично на телевизијата на сега првообвинетиот самиот Заев кажа дека Јанева и СЈО биле искрата надеж во правосудството, но видовме каква е таа искра на Заев, криминална, насилничка, неправедна, убиствена за правосудството.