Мицкоски: Очекуваме победа во вториот круг но дали Заев ќе поднесе оставка, на Албанците не им нудиме националромантизам

Ние нема да нудиме романтизам на Албанците, а да немаат луѓето водовод и канализација како што е реалноста сега е, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а на прашањето дали ќе се повлече од позицијата доколку опозицската кандидатка не успее да победи, потсети на ветувањата на премиерот Зоран Заев на претходните избори и очекува овојпат тој да си остане на зборот и по победата на Силјановска Давкова да распише предвремени парламентарни избори.

На прашањето упатено кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дали ќе се повлече од претседателското место од партијата доколку Силјановска а изгуби на претседателските избори, тој истакна дека поголемо прашање треба да му биде поставено на оној кој што во 2016 година кажа дека доколку изгуби ќе ја напушти политиката.

По првиот круг од претседателските избори, вчера имав состанок на Централниот комитет разговаравме околу актуелната политичка ситуација, ќе имаме претпоставувам Централен комитет и по вториот круг, секој ќе си поднесе извештај од сработеното, доколку Централниот комитет одлучи дека јас треба да сносам одговорност или не треба да сносам одговорност, бидејќи ќе победиме, тогаш тоа е тоа, но јас воопшто не размислувам на таа варијанта, вели Мицкоски.

Посочи дека за него идинствена опција е победа на професорката Гордана Силјановска, не заради ВМРО и Христијан Мицкоски, туку заради Македонија, поради граѓаните, затоа што тие се незадоволни, затоа што огромното мнозинство во Македонија не е среќно и смета дека Македонија не се движи во правилна насока.

„Ние нема да даваме национал – романтични понуди, не правиме разлика меѓу граѓаните. Ние по етнички состав не ги делиме граѓаните. Ние нудиме за сите граѓани иднина, вистински проекти. Национал-романтичарски платформи не се својствени за нас“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето дали и како ќе коалицира со албанските партии.

Мицкоски посочи притоа дека потребни се реални понуди за сите, вклучително и за Албанците во земјата.

„Не правиме разлика кој е Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Влав и други. Не може да се нуди романтизам, а граѓаните да немаат водовод и канализација како што е сега. Каде е канализацијата во Арачиново? Смешно е и она што го говори премиерот, прашан кои патишта ги направиле, па почна со автопат, па не знаеше, па потоа регионални и тие не знаеше, посочи Мицкоски.

Укажа дека без разлика на етничка припадност ВМРО–ДПМНЕ се бори за  правда за сите без разлика кој на кој етникум припаѓа.