Мицкоски од Крушево: Заев се уште бега од дебата

40

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со членовите и симпатизерите на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево, каде говореше за актуелната политичка состојба како и за штетните економски политики кои ги спроведува владата на СДСМ и Зоран Заев.

Мицкоски на граѓаните им ги посочи лагите и манипулациите од страна на Зоран Заев кога вели дека со зголемување на даноците ќе се опфатат најбогатите, туку напротив, нагласи дека, зголемените даноци кон државата ќе удрат по џебот на сите граѓани.

-Нема да ветуваме дека имаме 500 евра плата, но ќе покажеме методологија каде што ќе покажеме дека можеме да дојдеме до 500 евра плата. Нема да ветуваме дека сите пари ќе бидат кај граѓаните, а од друга страна ќе воведуваме нови поголеми даноци да им ги земеме назад тие пари, туку ќе ветиме достоинствен живот за сите граѓани онаков каков што сега го нема и тоа ќе го ветиме и ќе го направиме тоа, и тоа ќе го направиме уште во првиот мандат, а потоа граѓаните нека судат, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека ситуацијата во државата од ден на ден станува се по алармантна и по загрижувачка за граѓаните, односно, како што рече, власта со неподнослива ароганција се фали дека поскапува лебот ама само најевтиниот леб, како да граѓаните претходно купуваа најскап.

-Алармантна е ситуацијата, ја губиме државата. Заев бега од дебата само поради тоа што е свесен за својата неспособност, неработа и негрижа за решавање на реалните проблем и обезбедување на квалитетен и достоен живот за граѓаните на Република Македонија. Јас сум подготвен за ова да дебатирам секаде на било кој медиум, да одговарам на било кои прашања и да се докажувам математички ако треба за сето ова што зборам дека ќе го направиме. Но, за жал ете гледате тој истиот кој што до вчера се перчеше и храбро викаше дека ќе излезел на дебата со премиерот тогашен бидејќи бил опозиционер, сега пак кога е премиер заборавил на тие негови изјави, заврши Мицкоски.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.