Мицкоски од Ново Село: Со солзи во очите, граѓаните велат дека ова што и се случува на Македонија ги погодува и боли

По посетите на Струмица и Босилово, денеска претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со граѓани и во Ново Село.

Тој пренесе дел од разговорот со жителите на ова место кои пред Мицкоски го изразиле своето жалење и револт за она што во моментов и се случува на Македонија.

Штотуку завршив со средбата со граѓани и партиски членови во Ново Село. Со солзи во очите велат ова што и се случува на нашата земја силно не погодува и боли. Цветан, средовечен човек кој се занимава со земјоделие вели ја распродадоа државата и не сме воопшто рамнодушни, друг дофрла ние земјоделците ниту зелена нафта видовме, ниту повисоки субвенции како што ветуваа.

 Трет кажува, народот тлее, прашање на време кога ќе се излие незадоволството. Слична беше состојбата во сите други населени места кои денес ги посетив. Иста како на филмска лента повторена вистина: Македонија силно паѓа во бездната наречена СДСМ, имаме киднапирана држава. Им реков решението е оваа неспособна влада да си замине што побрзо, а ВМРО ДПМНЕ има план и изработува програма која е одговор на огромен број нерешени прашања и проблеми. Македонија заслужува подобро! Македонија мора да оди напред и да се спротивстави на ова лудило кое сега се случува, вели Мицкоски.