16.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Мицкоски од состанокот со германски автомоблиски гиганти порача да се спречи одливот на мозоци и да се зајакне економската соработка

Денешниот престој во Лајпциг на конгресот на германската владејчја Хрисијанско-демократска унија (CDU), покрај политичките состаноци, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од лидерот Христијан Мицкоски остварува и средби со извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили.

Покрај тоа, Мицкоски се среќава во петокот и со претставини на други производители од машинската и електро индустријата.

На тие состаноци, наша цел е како на опозиција којашто си ја сака државата, како опозиција којашто покажува пример како треба да се работи за државата во опозиција, но истовремено и да ги понудиме нашите капацитети човечки и професионални, но и економски, изјави  Мицкоски.

„По 12 април 2020 година да покажеме што е тоа што Македонија може да им го понуди на овие производители, да ги повикаме и да ги поканиме да дојдат во нашата држава и да отворат производни погони. Да не дозволиме одлив на мозоци да останат обучените луѓе, учените луѓе кои што денеска масовно ја напуштаат нашата држава, додаде лидерот на вмро-дпмне.

Посочи дека на овој начин покажуваат поинаков пристап дека државата се сака без разлика дали сте во опозиција или сте во владата.

Но, она што денеска како опозиција го претставуваме ќе биде гарант за нив кога после 12 април 2020 година ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада во Република Македонија, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.