Мицкоски од Валандово: На 15-ти јули ќе го совладаме СДСМ и Заев кој е кошмар за македонскиот народ, а за нашите соседи најпосакуван сон

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва од Валандово порача дека крајот на Зоран Заев и СДСМ ќе се случи на 15-ти јули. Заев е кошмар за македонскиот народ, а за нашите соседи најпосакуван сон.

„Тоа е така затоа што граѓаните на Македонија без разлика на етничка и верска различност, секогаш биле на дното на приоритетите на Зоран Заев. Затоа е сега време кога ние сите ќе се најдеме на една раскрсница и ќе треба да се одлучиме помеѓу два сосема различни политички проекти. Едниот е што го нудат истрошени политичари од времето на транзицијата, а другиот е понудата на луѓето кои имаат решение и знаат како да се справат со предизвиците се до крајната цел. Одлуката овој пат е помеѓу сосема две спротивставени политички понуди. Срам или чест. Подвитката кичма или исправена кичма. На една страна гледаме криминал и корупција, а на другата страна ред и поредок. На едната страна гледаме луѓе кои ја подвиткаа кичмата за грст жолтици, а на другата страна гледаме силно исправени луѓе кои што си ја љубат својата татковина Македонија.
Секогаш матрицата на СДСМ се состоела од четири чекори“, рече Мицкоски.

Првиот им е со раката на срце ќе дојдат во Валандово и ќе ви зборат за жицата за времето и притоа ќе ви кажат и некоја лага, рече Мицкоски, се со цел да ја добијат вашата поддршката. А откако ќе ја формираат владата тогаш доаѓа вториот чекор каде што имаме национален срам и предавство.

„Па третиот чекор пљачка, криминал и корупција, и последниот чекор е кога го заробуваат судството и обвинителството и да ги амнестираат своите криминали. Ќе споменам само како го продадоа нашето знаме ветувајќи му на народот европска иднина. Па да не зборам за транзицијата, во која илјадници луѓе останаа на улица. Па пљачката на народот преку онаа штедилница ТАТ. Понатаму, територијалната распределба кога се случи парчењето на Македонија. Па го испопљачкаа народот преку онаа случка со тенковските делови. Но, оваа генерација на СДСМ е надградена. Усовршена по криминал. Целиот криминал и корупција се заврши со една чанта Луј Витон во обвинитеството кое повеќе не постои. Но, тука сакам да предупредам за уште една работа. Сега коалицијата СДСМ и БЕСА на маса ја има Македонија. И секој оној што мисли дека ова е само во главите на ВМРО-те, нека се сети кога предупредувавме дека Заев доаѓа на власт да промени името и тоа се случи. Затоа дента на 15-ти јули секој оној што ќе одлучи да излезе и да гласа за Заев, да знае дека гласа за крај на Македонија онаква каква што ја знаеме. Но, јас сум убеден дека голема енергија се мобилизира, оној пиреј кој расте, пркос, револт да се совлада ова раководство на СДСМ предводено од Заев. Пред голема победа сме драги пријатели. Македонскиот народ секогаш се обединувал пред правдината“, заврши Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.