10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Мицкоски од Велес: Ќе понудиме решение за реалните проблеми на граѓаните

Во текот на денешниот ден сме денеска овдека во Велес. Продолжуваме акцијата „Обновата пред вашиот дом, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во вашиот град“. Разговараме со неколку целни групи. Денеска во Велес ќе посетиме два стопански производни објекти, дел од програмата која што е во завршна фаза и која што сме убедени и гарантираме за нејзиниот квалитет дека ќе понуди решение за многу реални проблеми кои што во изминатиот период ги слушнавме од страна нашите соговорници, а се однесуваат на подобрување на условите за водење бизнис во Република Македонија. Но, она кое што исто така е за нас важно да дел од искуствата кои што ете претприемачите од велешката општина ќе ни ги пренесат да видиме дали и како можеме да ги вклопиме во концептот на нашата предизборна програма, изјави од Велес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додаде:

„Концепт кој што сме убедени дека ќе понуди како што кажав решение за овие реални проблеми. Но, истовремено во текот на денот ќе имаме состаноци и со просветните работници. Изминативе денови во Гевгелија разговаравме со здравствените работници, претходно разговаравме во Радовиш со камионџиите, понатаму со фелата, со занаетчиите во Прилеп. Продолжуваме во деновите кои што следат да ја презентираме нашата програма.
Веќе од ова недела ќе имаме и јавна промоција на дел од тие мерки, посебно оние кои што се однесуваат на бизнисот. Се надеваме на програма и одзив од страна на нашите соговорници кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе може да ги вклопи во периодот кој што следи и ќе ги понуди за граѓаните на следните предвремени парламентарни избори во кој што очекуваме да обновата на Македонија победи и поднесе победа која што ќе биде историски најголема во независна и суверена македонска држава.“