Мицкоски: Oктоподот може да дојде и до лица кои се во врхушката на властa

Скандалот Рекет е огромен срам за Република Македонија и нејзините граѓани истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување на МРТ 2. Тој изрази стравување дека случајот има и свое продолжение во „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“ итн. Во однос на кој се е вмешан во рекетирањето на бизнисмени и политичари тој посочи дека е доволно да се види кој седи зад Боки 13 на основачкото собрание на „Меѓународниот сојуз“.

-Погледајте кој се седи позади Бојан Јовановски на основачкото собрание на Меѓународниот сојуз онаа невладина организација и се ќе ви стане јасно. Погледајте кој е почесен претседател на таа невладина организација и повторно ќе добиете потврда на она што сте си го одговориле при првото прашање и не треба човек да е премногу голем мозок или има некакви други способности да заклучи дека релацијата е многу, многу покомплексна и не се завршува на овие три притворени лица. Бојан Јовановски, Зоран Милевски и Катица Јанева туку октоподот богами може да дојде и до лица кои се во врхушката на власт. Но јас се плашам дека овој „Рекет“ не е само „Рекет“, туку ќе имаме и негово продолжение во „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 4“ итн.

Имаме такви информации, вели Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.