Мицкоски: Општините се оставени на милост и немилост од нивните претходници за сметките за струја

Се надевам дека и другите општини ќе го следат овој пример и ќе инсталираат ваков тип алатки со кои драстично ќе ги намалат трошоците кои што општините ги имаат за електрична енергија, изјави денеска за медиумите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека општините каде што се градоначалници избрани од ВМРО-ДПМНЕ  се буквално оставени на милост и немилост од нивните претходници кога станува збор за сметките за електрична енергија.

– Но, еве сега се случи да покрај тоа што тупаници се делат по кафеани тука во Скопје, сите овие трговци да ги раскинат еднострано договорите кои што ги имаат со општините и автоматски тие приоѓаат на снабдување кај универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и цените се драматично високи, цените се практично за еден месец колку што до сега биле годишните сметки. Така штоп ваков тип на инсталации можат само да ги намалат тие трошоци и да помогнат во обезбедувањето на струја на објектите кои што се од јавен интерес, училиштата, градинките итн, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Аеродром ќе биде и општина пионер за селекција на отпад поддржан од страна на Канцеларијата на Европската унија овде во Македонија и во период кој што следи ќе имаме уште проекти од ваков тип.

– Така што продолжуваме да работиме, продолжуваме да го исполнуваме тоа што се обврзавме во време на кампањата на овие локални избори и сакаме да покажеме дека не се сите исти, дека ние работиме, а тие знаат само да лажат и крадат, дециден е Мицкоски.