Мицкоски: Остануваме на барањето за предвремени избори

Околу темата за предвремени избори и директната врска со евентуалниот договор за законот за јавното обвинителство, Христијан Мицкоски претседател на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ во вечерашната емисија “360 степени” на АлсатМ изјави дека иако власта сака да има редовни избори во октомври следната година, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжите да притиска избори да се случат претходно.

-Јас не го уценував ниту пак, го условував Заев. Договорот е договор за јавно обвинителство. Едноставно на таа лидерска средба што беше закажана некаде во јуни, јули месец беше некако чудно и надвор од реалноста да не разговараме за предвремени парламентарни избори, покрај сите оние теми што тогаш ги наметна владата. Тогаш не беа подготвени да разговараат за предвремени избори, затоа ние не отидовме. Затоа пак, сега откако отпочна оваа средба во собранието, дефиниравме дневен ред кој што содржеше тема и за предвремени избори. Нормално е опозицијата која што смета дека владата работи погрешно, дека не се одвиваат добро работите во државата и дека постои едно огромно незадоволство од граѓаните околу функционирањето на владата, да бара предвремени парламентарни избори. Ние сме еве веќе трета година од мандатот на СДСМ и Зоран Заев, тој вели дека води на анкетите, но според објективните и нашите анкети ние сме силно уверени во предноста на ВМРО-ДПМНЕ која во евентуалните предвремени избори би биле најмалку 100 илјади разлика. Но, има еден начин како да провериме дали сме ние во право или Зоран Заев е во право. Тоа е да организираме предвремени парламентарни избори. А за тоа треба 61 глас за самораспуштување, рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.