Мицкоски: Оставка треба да поднесе владата, а Рашковски да оди во затвор

Оставка треба да поднесе цела криминална влада, Рашковски одамна требаше да биде таму каде што припаѓа – во затвор, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по денешната средба во МАСИТ.

– Не може службеник со плата и професор да поседува хациенди, да вози такви џипови, ако се негови да дезертира и да летува среде паднемија. Ако тој стократно го зголемил своето богаство, срамота е што досега не поднесе оставка, ова треба да продолжи, се срамам што такви луѓе се мои колеги на Универзитетот. Ова лице беше едно од најблиските соработници на владата, кој знае што се случува со другите, оставката треба да се прошири на целата влада. Ако се потврди дека е точно тоа за Рашковски, тогаш тоа е голем срам и блам за владата  – одговори Мицкоски на новинарско прашање за денешната оставка на Рашковски.

Тој одговараше и на прашања за аферата со пасошите, како и за заканите што ги добивал по обелоденување на аферата „Мафија“, како и за владиниот предлог за лекувањето на ковид пациенти во приватните болници кој смета дека требало да дојде многу порано.