Мицкоски оствари средба со потпретседателот на Европската Народна Партија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својата официјална работна посета на Брисел днеска оствари средба со со Дара Марфи, потпретседател на Европската Народна Партија и шеф на кампањата на ЕНП за изборите за Европскиот Парламент.

-Остварив средба со Дара Марфи, потпретседател на Европската Народна Партија и шеф на кампањата на ЕНП за изборите за Европскиот Парламент.

Разговаравме за предизвиците на политичкото семејство на ЕНП за престојните Евро-парламентарни избори и за улогата на идниот состав на Европскиот парламент во процесот на проширување.

Воедно ја искористив можноста да го запознаам со состојбата во Македонија и недостатокот на владеење на правото и кршењето на одредбите на правната држава, стои во неговиот Фејсбук статус.