4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Откако не го послушаа градоначалникот на Куманово, сега таму се случува хаварија ка

Суштината е како најбезолно да ја поминеме оваа работа со корона вирусот. Бројот на инфицирани од корона вирусот е се поголем. Денес имаме алармантен податок 11 медицински лица се заразени. Ако се почитуваат протоколите и ако има доволно заштитна опрема, тогаш зошто толку многу медицински заболени и тоа само во Куманово, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на емисијата „Само интервју“на телевизија Канал 5.

Како случај за лошо справување Мицкоски го спомена случајот со Куманово каде со голема брзина расте бројот на заразени.

„Од кога апелираше градоначалникот на Куманово дека треба мерки, дека треба карантин?! Па тоа не се случи. Тоа е нивни човек е и не го слушаат. Еве сега денеска излезе владата конечно и кажа дополнителни мерки“, рече Мицкоски.

Истака дека веднаш по ширењето на вирусот на самиот почеток ВМРО-ДПМНЕ предложи карантин и посебни мерки за Куманово.

Мицкоски посочи и дека тој е заинтересиран за ситуацијата во неговата земја и здравјето на сограѓаните и побара да не релативизира со примери од други земји

Имено, водителот во еден момент посочи дека бројот во европските земји, како што е Шпанија, расте секојдневно и е нормално и за Македонија, на тоа Мицкоски посочи дека не сака во неговата земја бројот да расте на заболени.

„Јас не сакам во Македонија да расте бројот“, нагласи Мицкоски.

You May Like