Мицкоски: Ова е циркус, а граѓаните плаќаат прескапа карта

31

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го коментираше случајот Мијалков, односно после неговото пријавување во обвинителството.

„Ова е веќе циркус. Направија веќе циркус од државата. Заев доста е. Човекот ве гледа во очи и нема гајле. Си играат мајтап и мака си немаат. Совршено јасно дека има договор. Прво да избега, па да се врати. Со шамар за полицијата и со сите институции. Остануваше уште да му се извинат. Бидејќи тој им се извини. Тешка хаварија за само неколку десетици часови. Го упропастија системот и поплукаа по правдата. Наводно жестоко го притиснал и го натерал бегалецот на правдата. Доброволно бегалецот се прошета пред камерата на провладина телевизија. Полиција нема, ама камера има. Наместо во суд, куќен притвор доби во обвинителството. А, Вилма рече дека истрага за бегство ќе нема. Апсолутно се е јасно. И двајцата рекоа дека имаат температу. Тие можеби имаат, но народот нема. Ве гледам во очи и ви велам правда ќе има кога двајцата ќе бидат таму каде заслужуваат – во затвор. Сето она што се трудеше Заев да го докаже, дека инстируциите функционираат, излегува дека навистина Економист бил во право кога вели дека Македонија е во хибриден режим.

Сите плаќаме прескапа карта за циркусот кој ни го сервираат. Затоа што си играат со нашите судбини. Затоа да му ставиме крај на овој режим. И ќе го собориме. Владата се клати, виси на конец, и доаѓа крајот“, рече Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.