Мицкоски: Ова е натпревар кој се игра до последна минута, така е и со формирањето на владата, многумина мислат дека е украден резултатот

Ова е натпревар кој се игра до последната минута, па така е и со формирањето на владата. А знам дека по овој натпревар кој го играме со целото срце, и внимавајќи на честа и угледот на ВМРО и државата, ќе дојдат и други, на кои ќе победиме, затоа што само така ќе бидеме први. А нашата победа е заедничка, истакна денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето обраќање по повод празникотИлинден од струшко Ташмаруништа.

Посочи дека знае како многумина се чувствуваат денес по изборите.

„Огромен број луѓе чувствуваат мачнина од тешкото време и неправдите, еден голем друг дел со неверување гледаат на резултатите од изборите и пропуштената шанса и знам дека ако има можност да го вратат времето велат поинаку ќе постапеле. Исто знам дека многумина ова го сметаат за украден резултат. На сите вие ќе ви порачам дека потполно ве разбирам и сите сте во право, и нема откажување, а борбата продолжува. И јас сите вас ќе ве разочарам ако се откажам сега, и така ќе ве разочарам од прв до последен, а уште поважно ќе ја изневерам Македонија. А јас не сум тоа. Никогаш нема да ве разочарам ниту да ја изневерам државата. И затоа ние уште посилно ќе се бориме за нашата заедничка иднина. Апостолот Гоце Делчев велеше да ја бараме вербата за успех во себе и во другите, ако ја има да ја разбудиме, ако ја нема да ја создадеме“, нагласи Мицкоски.