Мицкоски: Ова не е борба на Македонците и Албанците, ова е борба на целиот народ против корумпираната власт и на 17-ти ќе ги поразиме

Оваа наша борба мора да биде заедничка, ова не е борба само на Македонците, или само на Албанците, ова е борба на народот против корумпираната власт. Против бандитите кои направија пакт со политичарите од власта. Токму затоа ова е битка на народот против бандитизмот. За народот, на власта и текнува пред избори, и нивните гласови смета дека ги има во џеб исто како и гласовите на дел од Македонците, и така смета дека ги има гласовте и на сите останати, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кичево.

Кога ќе се завртите и ќе погледате, рече тој, ќе видите дека буквално никој во Македонија не им верува.

„Тие мислат дека не им треба ниту програма, ниту план, туку едноставно ќе излезат на избори ќе се заканат, ќе уценат, ќе ги злоупотребат инстутициите, тука најмногиу полицијата која е директно под чизмата на главниот слуга на Заев тоа е Оливер Спсасовски, ќе поделат малку од украденото и работата е завршена“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека овој пат нема да биде така.

„Но, овој пат на 17 така нема да биде, народот гласно ќе зборува и ќе заокружи број 7 и потоа следи ново мнозинство и потоа јас ви ветувам одговорност за се што се случуваше“, кажа Мицкоски.