Мицкоски: Овие што ги изневерија очекувања треба да дадат отчет зошто лажеа

До каде е ветената канализацијата во Арачиново запраша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто на МРТ 2. Тој потенцираше дека оние кои не ги исполнија своите ветувања треба да дадат отчет зошто лажеа граѓаните. Каде се проектите кој им ги вети Заев на граѓаните кои требаше да им го направат животот на Албанците подобар, додаде тој.

-До каде е канализацијата во Арачиново? Сте слушнале? Јас не сум слушнал дека шајка е задената. Треба да молчиме? Не нема да молчиме затоа што ние се бориме не за оние Албанци во Владата и во функционерските столчиња, туку се бориме за оние Албанци во Желино, за Албанците во Теарце, во Тетово, во Чаир кој што имаат реални проблеми и ние ним им се обраќаме. Ние сме тука да понудиме решенија за вашите реални проблеми. А овие кои што ги изневерија вашите очекувања и фино залегнаа во фотелјите треба да дадат отчет зошто лажеа, заклучи тој.